ЈОУБ „Искра“ Кочани од први март е со ново раководство. На местото на Румена Тодорова, која што досега ја раководеше установата, за в.д. директор е назначена Вера Анастасова која што оваа установа ја раководеше четири години, од 2005 до 2009 година.

Анастасова целиот свој работен век работи во библиотеката и има големо искуство во работата и функционирањето на оваа јавна установа.

Работата како раководител на установата и е позната и искуството ќе го искористи за реализирање на сите активности и проекти предвидени со програмата за работа за 2018 година, како што се: „Саемот на книгата“, „Млади библиотекари“, издавање на билтен со творби на членовите на ЛК „Копнеж“, промоции на книги, изложби, литературни читања и слично.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари