На последната, 7-ма седница на Советот на Општина Кочани советникот Ѓорѓи Алексов  упати прашање до Градоначалникот: „Дали е точно дека вработени службеници во Општина Кочани имаат непријавен имот, а според тоа не плаќаат данок на имот или го затајуваат данокот што треба да го платат на Општината“?

Како што јавува  „Канал 8“ дел од вработени на високи позиции во Локалната самоуправа во Кочани, инаку блиски луѓе на претходната власт што ја предводеше Градоначалникот Димитровски, со години затајувале данок на имот, па истите дури од неодамна по поставувањето на прашањето од советникот Алексов упатиле барања за да го пријават имотот во кој што веќе живеат.

Ако се потврди точноста на овие информации, ќе се докаже дека претходниот Градоначалник  бил строг кон граѓаните кога се работело за плаќањето данок на имот, но и доста попустлив кон соработниците што ќе покаже дека сепак работел селективно.

Сето ова отвора и прашање кој е тој што аминувал поддршка на вакви незаконски дејствија во работењето на општинската администрација чија цел е да води сметка за прибирањето на даноците од граѓаните.

Според Одделението за даноци, такси и надоместоци во Општината вообичаена постапка е за сите оние кои што досега го немале пријавено имотот, да се задолжат да го платат данокот и за претходните години.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари