Во сабота со почеток во 14:00 часот на програмата се натпреварите од 16-тото коло во Втората Фудбалска Лига – Исток.

Екипата на „Осогово“ која во минатото коло беше слободна на премиерата пред своите гледачи ја пречекува екипата на „Победа“ од Валандово. Натпреварот е од големо значење бидејќи и двете екипи се во опасната зона за зачувување на второлигашкиот статус.

Натпреварот во Кочани ќе го суди судиска тројка од Прилеп. Главен судија е Влатко Илиоски, а ќе му помагаат: Зоран Крстоски и Марјан Смилкоски.

Двојки за 16-тото коло во Втората Фудбалска Лига – Исток

„Осогово“ – „Победа“ (В)

„Тиквеш“ – Кожуф“

„Беласица“ – „Борец“

„Плачковица“ – „Брегалница (Ш)

Екипата на „каменица Саса“ е слободна во ова коло.

Стартува и Првата Фудбалска Лига за жени. Се играат натпреварите од 12-тото коло во кое екипата на „Кочани“ ја пречекува солидната екипа на „Тиверија“ од Струмица. Натпреварот е закажан за во Недела со почеток во 11:00 часот

Двојки од 12-тото коло:

„Кочани“ – „Тиверија“

„Драгон“ – „Каменица Саса“

„Тетово“ – „Атлетико“

„Њу Јорк“ – „Речица“

„Борец“ – „Истатов“

„Топ Гол“ – „Ас Јунајтед“

Во Сабота со почеток во 18:30 часот во салата на ОУ „Никола Карев“ во Кочани закажан е натпревар од претпоследното коло од вториот дел во првенството во Втората Футсал Лига, „Уни Паб“ – „Карадаку“ од Липково.

Екипата на „Торпедо“ вториот претставник од Кочани веќе го одигра својот натпревар откако во Четвртокот во Македонска Каменица загуби од домаќинот „Каменица Саса“ 2:5.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари