220.000,00 денари е сумата која општина Виница годинава ќе ја потроши за заловување на кучиња скитници кои дефинитивно се сериозен проблем во секое населено место. Денес се спроведе првата акција од страна на Ветеринарно стационарниот центар “Тодор Велков“ од Куманово, кој беше избрана на тендер како најповолен понудувач.
Во првата акција за 2018 г. беа заловени кучиња кои беа детектирани од надлежните служби во општина Виница како потенцијална опасност за децата и возрасните.

Бидејќи овие акции ќе бидат спроведени повеќекратно, затоа  й останува апелот до сопствениците навреме да ги приберат .
Проблемот со кучињата скитници и понатаму останува актуелен, и се погласни се апелите по социјалните мрежи за изнаоѓање други законски решенија во третирањето на овој проблем, бидејќи актуелните решенија во изминативе години носат пари од општинските буџети, а поплаките и реакциите од граѓаните никако да стивнат.

ИЗВОР: Општина Виница

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари