По седум години успешно водење на Детските Фудбалски Лиги во источниот регион, деновиве Координаторот Атанас Кушевски е разрешен од таа „функција“. Ветерот и овој пат доаѓа од ФФМ а причините се познати на сите оние кои ги следат фудбалските збиднувања.

Опструкциите против работењето на Атанас Кушевски во фудбалот започнаа неколку дена по завршувањето на фамозното Изборно Собрание на ОФС – Кочани, кога тој и неколкумина истомисленици не гласаа Владо Андов да има и трета функција, односно покрај Координатор на женскиот фудбал во ФФМ, Претседател на Трета Фудбалска Лига – Исток. да биде и Претседател на ОФС – Кочани.

Од тогаш во кулоарите на ФФМ некој ја разнесе веста дека Кушевски работи против интересите на федерацијата и послушниците на претседателот па затоа смената мораше да биде испорачана.

„Кочанско-Виничката врска“ која дебело се инволвира и во ОФС – Кочани по се изгледа дека и овој проблем ќе го земен во свои раце, па за очекување е изборот на новиот Координатор да биде по нивен избор.

Но ваквите задкулисни игри и ниски удари на неколкумина моќници во ОФС – Кочани како што стојат работите за мошне краток период ќе бидат минато.

Тогаш сигурно и повеќе нешта ќе бидат обелоденети во јавноста за нивното работење во разните структури  во ОФС – Кочани.

Но дотогаш, да се стрпиме сите.

С. Ивановски

DSCN8355

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари