По сончево и пријатно време за игра, пред околу 500 гледачи „Осогово“ на отворањето на пролетната сезона убедливо ја совлада „Победа“ од Валандово со 4:0 (2:0).

Домаќините ја диктираа играта, а гостите грчевито се бранеа со сите играчи што ги имаа на теренот. Иако „жетварите“ ја имаа играта во своите раце тешко го пробиваа класичниот валандовски бункер, а и кога ќе успеаја да направат шанса поради брзоплетоста преди се на Жоглев мрежата на Иваноски мируваше.

Се играше 15’ кога домаќините ја упатија топката во казнетиот простор на „Победа“, Жоглев стигна прв до топката но од шест метри го префрли и истрчаниот Иваноски и голот на гостите. Само шест минути подоцна истиот играч на идентичен начин повторно не го совлада Иваноски. Но тоа не ги обесхрабри играчите на „Осогово“ кои постојано како „оси“ атакуваа кон гостинскиот гол.

31’ Домаќините изведоа корнер од левата страна некој од гостинските играчи за кратко ја исфрли топката која дојде до Велевски кој од косо со прецизен удар ја погоди десната мала мрежа на немоќниот Иваноски.

33’ Уште гледачите не беа седнале на своите места по водечкиот гол за „Осогово“, нова радост на трибините и на теренот. Паунов доби топка на 18 метри од гостинскиот гол, биеше по земја и по втор пат мрежата на валандовчани се затресе.

Во вториот дел беше евидентно дека „жетварите“ се физички далеку поподготвени од гостите. Секој напад беше потенцијална опасност по голот на Иваноски. По изведените корнери со глава биеја Манов (48’) и Паунов (51’) но нивните удари за малку беа непрецизни, а ударот на Костадинов (65’) Иваноски го одбрани.

Во 67’ домаќините ја изведоа најубавата акција на натпреварот. По десната страна одлично од прва беше проигран Костадинов, кој школски центрираше а Жоглев се најде на вистинското место, биеше со глава и нова радост за домаќините.

Во 83’ Жоглев убаво се проби но за малку беше непрецизен а само минута подоцна Паунов иако го мина гостинскиот голман успеа од пет метри да промаши она што беше полесно да се погоди.

86’ Нововлезениот Петров доби топка во казнетиот простор на „Победа“, убаво ја смири а потоа со одмерен удар го постави конечниот резултат 4:0.

Судијата Влатко Илиоски немаше тешка задача бидејќи се играше фер и коректно. Но и она што требаше, го отсуди како што треба.

Резултати од 16-тото коло:

„Осогово“ – „Победа“ (В)  4:0

„Тиквеш“ – Кожуф“  2:1

„Беласица“ – „Борец“  2:0

„Плачковица“ – „Брегалница (Ш)  0:1

С. Ивановски

DSCN8755

DSCN8823

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари