Во организација на Карате федерацијата на Македонија во салата „Круме Кепески“ во Скопје, се одржа традиционалниот Меѓународниот карате турнир „Фунакоши Гичин 2018“.

Каратистите од КК „Кочани“ на турнирот пријавија 10 натпреварувачи од кои шестмина дебитанти и се вратија со четири освоени медали од кои 1 сребрен и 3 бронзени.

Верица Карова во категоријата „помлади кадети“ + 55 килограми заврши како втора, а во истата категорија Илија Охомуш беше трет.

Наталија Карова и Надица Наунова станаа втори во категоријата „ученици до 40 килограми“.

„Настапивме со шестмина млади натпреварувачи кои иако останаа без медали сепак покажаа дека се иднината во овој спорт. Можеби кај некои и тремата си го стори своето, но од турнир во турнир и тоа ќе исчезне. Генерално задоволен сум од постигнатото“ изјави Игор Каров – тренер на карате Клуб „Кочани.

С. Ивановски

29066715_1609216985823457_3534775045433851904_n28951523_1609217159156773_3088730399547850752_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари