Екипи од КЈП „Водовод“ денес ги чистеа депониите во „Ромското маало“, како и оние околу „Фабриката за вода“.

Собрани се купишта на расфрлан смет кој ќе биде префрлен онаму каде и што му е местото.

Овој проблем кој постои повеќе години никако да исчезне, смет се фрла кој каде и кога ќе му текне без да сноси некакви последици. Особено алармантно е фрлањето на смет околу „Фабриката за вода“ каде според екологистите со текот на времето многу штетни материи ќе влезат во земјата, ќе дојдат во контакт со водата која ќе биде загадена.

Мора еднаш за секогаш да се стави крај на ваквото самоволие. Оние што ќе продолжат да фрлаат смет да бидат на некој начин казнувани.

Еден пример во општина од една соседна држава веќе има дадено добри резултати. Секој може да го фотографира оној што исфрла смет на место на кое е забрането такво нешто, сликата ја доставува до надлежните за што добива некој си симболичен паушал, но за сметка на тоа на лицето кое го фрлило сметот му се изрекува казна која мора да ја надомести.

Дали е моментот такво нешто да се воведе и во нашата општина?

С. Ивановски

1_n

4_n

3_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари