Досега неколку упатените апели во изминатите неколку години од страна на жителите на еден мал крак од улицата „Коста Рацин“ не ги дадоа посакуваните резултати.

Тие неколкупати досега побараа еден проблем што е присутен веќе неколку години да им биде отстранет.

Имено, на нивната улица која не изнесува повеќе од 30 метри како што јавуваат од едната страна се има создадено мала вдлабнатина која од година во година е се поголема и веќе почна да прави штета на дел од потпорните ѕидови. Особено лоша е состојбата кога има обилни дождови или снег.

Жителите бараат да се изнајде начин како ова да биде санирано за да и тие како и сите во 21-виот век ќе имаат нормални услови за живеење.

Се надеваат дека овој пат некој навистина ќе го сфати сериозно нивниот проблем и дека набргу со не баш кој знае колку голема инвестиција истиот ќе биде саниран.

С. Ивановски

2_n

3_n

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари