На отворањето на пролетниот дел од првенството во Првата Фудбалска Лига за жени, во Кочани на стадионот „Никола Мантов“ домаќинот „Кочани“ ја пречека второпласираната екипа од првиот дел на првенството „Тиверија“ од Струмица.

Иако натпреварот започна со шанса за домаќините се понатака беше во режија на струмичанки. Играта што ја прикажаа само е потврда за нивниот годинешен пласман. Создадоа повеќе прилики за гол од кои реализираа само пет. Во редовите на „Тиверија“ немаше слаба алка, но тон на играта и даваше одличната Рабија дервиши која немаше ниту едно погрешно додавања а се наоѓаше насекаде на теренот.

Кај домаќинките иако прими пет гола Апостолова одбрани неколку опасни удари и покажа дека со работа може да стане сигурен чувар на мрежата.

Гостинките резултатот го отворија во 13’ кога Стојковска во слалом нанижа неколку домашни играчи а кога излезе сама пред домашниот голман рутинирано ја совлада. Вториот погодок беше мало ремек-дело на Николовска која од слободен удар од преку 30 метри ја упати топката под пречката на домашниот голман.

И вториот дел помина во знакот на гостинските играчи кои од неколкуте зрели прилики за гол реализираа само 3, Стојковска (55’), Димоска (66’) и Николовска (77’).

Комплетни резултати од 12-тото коло:

„Кочани“ – „Тиверија“  0:5

„Драгон“ – „Каменица Саса“  4:0

„Тетово“ – „Атлетико“  3:6

„Њу Јорк“ – „Речица“  0:10

„Борец“ – „Истатов“  4:1

„Топ Гол“ – „Ас Јунајтед“  1:1

С. Ивановски

DSCN8837

DSCN8842

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари