Каратистите од КК „Партизан“ од Кочани освоија 8 медали на Меѓународниот Карате турнир „Фунакоши Гичин 2018“ што во саботата се одржа во Скопје.

На турнирот учествуваа со 6 претставника кои во конкуренција на 450 каратисти од Македонија, Србија, Бугарија, Црна Гора, Босна и Херцеговина и Косово освоија 8 медали од кои 4 златни и по 2 сребрени и бронзени.

Златото го освоија:

Ѓорги Петров во категоријата „помлади кадети“ +52 килограми и истиот натпреварувач во категоријата „кадети“ до 57 килограм, Кристијан Грозданов во категоријата „помлади кадети“ до 48 килограми и

Благоја Тасевски во категоријата „помлади кадети“ до 36 килограми.

Среброто се најде на градите на:

Кристијан Грозданов во категоријата „помлади кадети“ до 45 килограми и

Филип Стојанов во категоријата „ученици“ до 38 килограми.

Освојувачи на бронзените медали се:

Мартина Шахинова во категоријата „кадети“ +54 килограми и

Ангел Стојанов во категоријата „помлади кадети“ до 48 килограми.

Турнирот го организираше Карате Федерацијата на Македонија.

С. Ивановски

29027607_2306123759413021_728958798_2306123672746363_6

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари