Извидничкиот Одред „Ластовица“ од Кочани ја започна новата сезона со интересни активности.

Околу 40 членови на одредот го искористија прекрасниот мартовски ден и спроведоа извиднички марш на релација м.в. Крушка-Полаки- м.в. Бабиште-с.Јастребник- брана „Гратче“- Кочани.

Вкупната должина на патеката што извидниците ја поминаа пеш е повеќе од 25 км, но и тоа не беше проблем за храбрите кочански ученици.

Главните извиднички активности и вештини беа спроведени во дворот на училиштето во с.Полаки, кое пред извесно време им беше доделено на користење на извидниците од Кочани. Ова беше и првиот престој во училиштето, за кое старешините на одредот планираат да се претвори во еден од главните извиднички едукативни центри во Македонија.

ИО „Ластовица“ – Кочани

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

SAMSUNG CAMERA PICTURES

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари