Жителите на Булеварот „Маршал Тито“ и на уште 10-на улици во Виница во следните неколку месеци ќе можат да се приклучат на новата водоводна линија.

Реконструкцијата со исфрлање на старите азбестни цевки започна минатата недела и се работи етапно како што е најавено, вели градоначалникот Димитров.

„Во изминативе десетина дена замената на старите азбестни цевки е завршена на Булеварот „Маршал Тито“, и со реконструкцијата продолжуваме и на останатите улици кои се планирани со оваа фаза од проектот. Согласно досегашната динамика во одвивањето на градежните активности, очекувам реконструкцијата да заврши во пократок временски период од планираните 9 месеци. Изведувач е Фирмата „Коп-инженеринг“, а инвестицијата е 6,5 милиони денари“, рече Димитров.

Старите азбестни цевки ќе бидат заменети на улиците: „Славчо Стојменски“, „Браќа Миладинови“, „Раде Кончар“, дел од Булеварот „Маршал Тито“, делови од улиците „Страшо Пинџур“, „Стив Наумов“, „Илинденска“, „Димитар Осоговски“, „Димитар Влахов“, „Јане Сандански“ и „4-та Македонска Бригада“.

Во Виница вкупната водоводна мрежа е со должина од 42,5 км, а преку 60% е веќе реконструирана. Со овој проект во 2018год. е  предвидено од употреба да бидат исфрлени 3.960 метри азбестни цевки, а средствата се обезбедени од „Европската инвестициона Банка“, „Миистерството за транспорт и врски“ и Општина Виница.

ИЗВОР: Општина Виница

DSC_0054

DSC_0067

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари