Адвокатите ќе побараат поддршка од „Адвокатската комора“ и ќе започнат со штрајк доколку Владата на Република Македонија не ги прифати нивните барања.

Причината за ваквото нивно незадоволство е откако „Министерството за правда“ го достави пречистениот текст на Законот за изменување и дополнување на законот за Нотаријат во кој сите алтернативи кои беа дадени на Адвокатската комора на Република Македонија се комплетно избришани за да нотарскиот пак акт е воведен за сите правни работи.

На состанокот на адвокатите од Кочани што се одржа во петокот тие нагласија дека ќе се спротивстават на измените на прописите со кои ним им се нанесува штета а се фаворизираат нотарите.

На средбата адвокатите истакнаа дека работната група што ги изработи предлог-иницијативите за промени на Законот за нотаријат, претставникот од Адвокатската комора на Република Македонија и сите негови предлози кои што доаѓаат во име на адвокатската комора на сите адвокати на територијата на Република Македонија се одбиени а додека сите предлози на нотарската комора се прифатени.

С. Ивановски

29103994_10215223756888338_61430174205345792_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари