Блаже Николов долгогодишниот домаќин на стадионот „Никола Мантов“ воедно и економ на фудбалскиот клуб „Осогово“ во саботата доби овации на отворена сцена.

Имено, пред почетокот на фудбалскиот натпревар „Осогово“ – „Победа“ (Валандово) што во саботата во рамките на 16-тото коло на Втората Фудбалска Лига – Исток се одигра во Кочани од управата на клубот доби рачен часовник како подарок за неговото пензионирање.

Николов повеќе од три децении е присутен во „Осогово“, време во кое низ клубот имаат продефилирано голем број на играчи, тренери и луѓе кои биле во управата.

Овој вистински потег на управата на „Осогово“ наиде на одобрување од присутните гледачи кои со овации и скандирања го поздравија  Блаже со што на некој начин му оддадоа една голема благодарност за сето она што го има направено за клубот.

Среќни пензионерски денови Блаже.

С. Ивановски

28833329_10215096771790891_8061013_n

P3940205

P3550560

DSCN0120

 

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари