Почитувани,
Компанијата КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ е глобална индустриска групација примарно активна во автомобилската индустрија, која ја сочинуваат четири деловни единици: Кабли, On-board мрежи, Пластична технологија и Мехатроника. Своите производи ги пласира кај најголемите европски производители на автомобили (VW, BMW, AUDI, Mercedes, Škoda…) и вработува преку 48.000 луѓе ширум светот на повеќе од 40 различни локации. Наша цел е да допреме до сите заинтересирани од источниот дел на Македонија (Кочани, Виница, Берово,Злетово,Пробиштип, Делчево) кои што сакаат да се вработат во КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ. КРОМБЕРГ & ШУБЕРТ МАКЕДОНИЈА ДООЕЛ Битола моментално има повеќе од 5.800 вработени и оваа бројќа е со тенденција да расте до 7.000 вработени.
За таа цел компанијата започна со еден проект ”Инвестирај во својата иднина” со кој со заедничко делување и помагање на сите оние кои што сакаат да дојдат да се вработат , ќе сториме се што е потребно од наша страна да ги подржиме сите да се вклопат во работата и ќе се потрудиме да им овозможиме помош во нивното работење и живеење во Битола. Овај проект ги опфаќа граѓаните од источниот дел на државата кои сакаат да работат и живеат во Битола и да бидат дел од нашата успешна Крошу Приказна.

Наши претставници од компанијата ќе бидат гости во Вашите градови, за да извршат презентација на условите и работните места во нашата компанија и да Ви ја доловат сликата и бенефитите за нашите вработени.
Локација, Агенција за вработување на Република Македонија на ден 14.03,2018 год (среда)

Кочани во10:00 часот
Делчево 14:00 Часот
Берово 10:00 часот
Виница 14:00 часот
Пробиштип 10:00 часот
Злетово 14:00 часот
Македонска Каменица 12:00 часот

Со Почит,
Оддел за Човечки Ресурси
Кромберг & Шуберт Македонија ДООЕЛ Битола

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари