Опозицијата ја напушти 8-та седница на Советот на Општина Кочани од причина што не беше прифатен предлогот да се расправа за Законот за јазиците, што вчера беше усвоен од страна на  Собранието на Република Македонија.

Координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Лазо Митев предложи да се стави предлогот како последна точка од дневниот ред и побара да се дебатира за Законот со цел да се укаже на опасностите што ги носи од двојазичност на целата територија на Република Македонија.

По ова на говорницата излезе советникот Ѓорги Алексов кој истакна дека тие како советници немаат ингеренции да расправаат за закон што е донесен од страна на Собранието на Република Македонија, туку дека имаат донесување на приоритетни одлуки кои ќе се од интерес за развојот на општината и за подобрување на животот на граѓаните на Општина Кочани.

Членот на Советот на Општина Кочани, Венко Крстевски најпрвин истакна дека тој не го подржува воопшто донесувањето на овој закон но и ја праша опозицијата зошто сега повикува на патриотизам и каде била изминатите години да се бори против криминалот и коруупцијата во Кочани, донесувањето на вакви и слични закони во Собранието на Република Македонија. На крајот им порача на опозиционерите да го покажат заедно со него патриотизмот онаму каде што треба да излезат пред Уставниот Суд на Република Македонија.

Благој Ситновски како што истакна, и тој самиот е затечен од ваквата одлука на Собранието, но и дека сега по една преспиена ноќ не можат и да сакаат да имаат квалитетна и квалификувана дебата. Неговиот предлог беше да се свика нова седница на Советот на Општина Кочани со единствена точка на дневниот ред, дебатирање за Законот за јазиците, на која би присуствувале и двајцата пратеници во Собранието на Република Македонија од Општина Кочани.

По неизгласувањето на предлогот на Координаторот на советничката група на ВМРО ДПМНЕ Лазо Митев, опозицијата го искористи своето демократско право и ја напушти седницата,

Но и без присуство на опозицијата советниците продолжија со својата работа бидејќи требаше да се дебатира по предложените 32 точки од дневниот ред.

С. Ивановски

DSC_0007

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари