КОЧАНИ ДОМАЌИН НА ДРЖАВНОТО ПРВЕНСТВО ВО БОРЕЊЕ СЛОБОДЕН СТИЛ ЗА СЕНИОРИ/КИ

Во Спорт
јануари 25, 2024
0 минути

Во организација на Боречката Федерација на Македонија а со техничка поддршка на БК „Спартак“ – Кочани, во Сабота во спортската сала „Сашо Лазарев – Чапо“ во Кочани ќе се одржи годинешното „Државно првенство во борење слободен стил и борење  за жени за сениори/ки 2024“.

Боите на БК „Спартак“ на ова првенство ќе ги бранат: Зоран Митев, Дамјан Крстов и Драган Глигоров (до 57 килограми), Благој Тасески и Стефан Штерјов (до 61 килограм), Ефтим Стоименов (до 65 килограми), Александар Павлев (до 70 килограми), Расул Шапиев и Филип Горгиев (до 74 килограми), Петар Иванов и Андреј Петков (до 86 килограми), Леон Трајанов и Стефан Миладинов (до 92 килограми) и Горан Терзиски (97 килограми).

На првенството право на настап имаат борачи роден 2005 година и постари како и родени 2006 година со специјален лекарски преглед не постар од шест месеци.

На прввенството освен домаќинот „Спартак“ ќе настапат и екипите на: „Лирија“ (Скопје), „Бучим“ (Радовиш), „Балканец“ (Штип), „Неготино“, „Борец“ (Велес), „Аждер“ (Охрид), „Тефејус“ (Скопје), „Студеничани“, „Конче“ (Радовиш) и „Шкупи“ (Скопје).

Официјално натпреварите започнуваат во 11:30 часот.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ