„ЦРВЕН КРСТ“ – КОЧАНИ, ЈАНУАРСКА КРВОДАРИТЕЛСКА АКЦИЈА – СОБРАНИ 34 КРВНИ ЕДИНИЦИ

јануари 25, 2024
1 минути

Во организација на Црвен крст на Р. С. Македонија – Општинска организација Кочани, а во соработка со Институтот за трансфузиона медицина Штип, денеска во просториите на Црвениот крст се одржа редовна јануарска  крводарителска акција наменета за граѓанството.

На акцијата крв даруваа 34 крводарители од нив 4 првократни и 11 лица до 30 годиншна возраст. Акцијата е прва што годинава ја спроведува Црвен крст Кочани.

Граѓаните може да даруваат крв секој понеделник и четврток во Службата за трансфузиона медицина – Кочани или секој последен четврток во месецот во просториите на ОО на Црвен крст-Кочани.

Црвен крст – Кочани

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ