Во Туристичкиот инфоцентар на „Пониква“ денеска се одржа форум на тема „Можности за одржлив туризам на Осогово“.

На форумот што го организира Македонското еколошко друштво (МЕД) – Скопје во соработка со Општина Кочани, се претставија резултатите од Студијата за развој на туризам базиран на природни вредности, се разменija искуства и се дефинираа потребите и недостатоците со препораки за иден развоj на одржливи форми на туризам.

„Туризмот е приоритет за развојот на Кочани. Од претставените анализи ќе можеме да извлечеме важни информации како да го поддржиме натамошниот развој на туризмот, базиран на природните вредности“ беше изјавата на Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев.

2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари