Во амфитеатарот на „Славјанскиот факултет“ во Свети Николе вечерва се одржа манифестацијата „Најдоброто од Истокот за 2017“ која четвртата година по ред ја организираат Здружението на новинари од Македонија – од источниот регион.

„Посебната награда“ за Безбедноста во работата годинава е доделена на Рудници „Саса“ од Македонска Каменица.

Во категоријата „Економија“ признанието отиде во рацете на Компанијата „Тондах“ од Виница, за „За животна средина“ кај „Еко-Пак Хит“ од Кочани. Во областа на „Спортот“ признанието му беше доделено на Македонскиот фудбалски репрезентативец Бобан Николов, а во негово отсуство наградата ја прими неговиот татко,  од „Здравството“ на д-р Гоце Стоименовски вработен во „Брза помош“ од Делчево,инаку активист во НВО секторот, а од „Образованието“ на Проф. д-р Кирил Барбареев од Штип.

Од областа на „Новинарството“ признанието му се додели на електронскиот портал „Komarec.com.mk“ од Кочани, од „Туризмот“ на Гео Парк „Лесново“ од Пробиштип, од „Културата“ на „Ин Виница веритас“ од Виница, од „Невладиниот сектор“ на „Амброзија“ од Пехчево, а за „Иновации“ на учениците од Гимназијата „Славчо Стоименски“ од Штип.

Посебно признание и беше доделено на м-р Марија Максимова пијанистка – „Најдобра педагошка работа со младите во областа на класичната музика“, а за животно дело на Поф. д-р Методи Чепреганов.

Гостите ги развеселуваше групата „ЃоМиЖиСто и Ивана“.

На церемонијата на свеченото доделување на признанијата освен другите гости присуствуваа и Градоначалниците од Кочани, Виница Штип и домаќинот Свети Николе.

С. Ивановски

DSCN9170

DSCN9164

DSC_6382

DSCN9187 DSC_6405

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари