Донација тешка 8,7 тони денес (Петок) и беше донирана на Општа Болница во Кочани.

Донацијата која се состои од болнички кревети, апарати и друга медицинска опрема и те како потребна на болницата е од Шведското семејство Розенгрен обезбедено преку Шведската хуманитарна организација „Hands to hands“ и истата има вредност 280.000 Евра.

Ова е веќе втора донација која Општа Болница – Кочани ја добива за нешто повеќе од месец дена.

„По само триесетина дена денес повторно продолжуваме со нашите активности. Голема благодарност до Шведското семејство Розенгрен кое преку Шведската хуманитарна организација „Hands to hands“ ја донираше опремата која се состои од медицинска опрема, апарати, помагала, болнички кревети и други помошни елементи во вредност од 280.000 Евра. Им благодарам што со оваа помош помогнаа Општа Болница – Кочани да ги подобри условите за лекување на своите пациенти и работата на медицинскиот персонал. Посебна благодарност упатувам и до неколкуте кочански компании што помогнаа да го платиме магацинското сместување на донацијата. Очекувам хуманоста да ја покажеме до крај и да обезбедиме средства и за транспортот. Се надевам дека заеднички, со мисла и работа за подобро утре, ќе ја продолжиме хуманата мисија за медицинската установа, на чии врати сите понекогаш доаѓаме“ изјави Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев по пристигнувањето на донацијата.

За досегашните активности на хуманитарната Шведска организација „Hands to hands“ како и за претстојните свое обраќање имаше Александар Арсовски, Координатор на овие проекти во Република Македонија.

„Јас им благодарам на донаторите а пред се на Градоначалникот Илијев без чие залагање немаше да се реализира оваа за нас многу значајна помош која значително ќе ја подобри состојбата во одделенијата каде ќе биде доделена“ од името на вработените во Општа Болница – Кочани се заблагодари Томе Солевски.

С. Ивановски

DSCN9146

DSCN9153

DSCN9160

DSCN9129

 

DSCN9102

 

DSCN9110

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари