Жители на населбата оризари со безрезервна поддршка на вработени и механизација од КЈП „Водовод“ денес, втор викенд по ред го чистеа коритото на река Масалница.

Иницијативата дојде од засегнати жители на населбата на кои им пречеше така неуреденото со години корито на реката.

Минатиот викенд се започна да се чисти десниот крак на реката, а денес се чистеше левиот, така да сега коритото на Масалница изгледа многу подобро отколку пред десетина дена.

Дознаваме дека уредувањето ќе продолжи и во наредниот период бидејќи жителите на Оризари посакуваат да живеат во уредена и пријатна за шетање населба.

С. Ивановски

1213

1415

16

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари