Со денешните турнирски натпревари од 8-то и 9-тото коло продолжи првенството во Првата Македонска Пингпонгарска Лига.

Пингпонгарите на „Кочани“ во 8-то коло лесно ја совладаа екипата на „Дебар Маало“ со 4:0, но во 9-тото коло по доста неизвесности  загубија од „Телеком нец“ 3:4.

Токму натпреварот со „Телеком нец“ го коментираа кочанските пингпонгари по враќањето дома. Имено, во последниот решавачки натпревар Христов-Љамов при резултат 2:2 во сетови и 6:4 за Христов, на негов сервис противникот погрешил и наместо кочанскиот натпреварувач да поведе со 7:4 Љамов викнал нец што судиите го прифатиле. По оваа неправда настанала тензична атмосфера по што Христов изнервиран без никаква концентрација го продолжил натпреварот кој Љамов го добил со 11:6 и конечни 3:2 во сетови.

Како и да е. Резултатот од двете одиграни кола останува во историјата, а сите неправди се забораваат.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари