Според Билтенот на Полициска Станица – Кочани и СВР Штип, во неделата во раните утрински часови кај крстосницата пред „Шопинг Центарот“ во Кочани се случила сообраќајна несреќа која за среќа поминала само со материјална штета.

Сообраќајката ја предизвикал осумнаесетгодишен кочанчанец кој со своето возило „Renaukt Scenic“ излетало од улицата на тротоарот и при тоа оштетило три бетонски столба, уништило две мали засадени дрвја и како последица во ударот го оштетил семафорот.

Увид на самото место извршила екипа од службени лица на Полициска Станица – Кочани која треба да ги утврди причините за сообраќајната несреќа.

С. Ивановски

3

4

2

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари