Љупчо Стојмиров, вработен во „Тондах“ е новиот почесен член на листата на стократни дарители од Виница. Јонче Златков и Гоце Димитров ја прошируваат групата на дарители со над 75 пати. Викендов, стократните рекордери како и новите членови со над 75 пати дарители на крв беа почестени со прием од страна на раководителот на Општинската организација на „Црвен Крст“ – Виница и од страна на Градоначалникот Ивица Димитров а се по повод „17-ти Март, Светскиот ден на крводарителите“.

Градоначалникот Ивица Димитров им врачи пригодни поклони, а Јавна Благодарност искажаа и од општинската организација на „Црвен Крст“ – Виница.

Благодарници беа врачени и на фирми и институции со најголем број вработени крводарители: „Тондах“, Полициска Станица, „SBW“ и СОУ „Ванчо Прќе“.

Општинската организација на „Црвен Крст“ – Виница  минатата година го заокружи третото место на националната листа на општини со најголем број собрани крвни единици, или поточно со собрани 1.136 крвни единици во 16 акции, со натфрлен план од 210,80 %.

Општина Виница

2

3

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари