Општина Кочани, по пат на електронско јавно наддавање, продаде вкупно осум градежни парцели од 29-тата објава за отуѓување градежно земјиште, сопственост на Република Македонија.

Од нив, две градежни парцели се со намена за индивидуално домување, со површина од 379 м2 , на улицата „ Ѓорче Петров“ и една со површина од 292 м2 на улицата „Крум Вранински“ во Кочани и шест градежни парцели со површина од 545 до 1.129 м2 на локалитетот „Пониква“.

Почетната цена на електронското јавно наддавање беше 61,00 денар за метар квадратен, а највисока цена е постигната за парцела за индивидуално домување која достигна 820,00 денари за метар квадратен.

По оваа продажба се очекува на сметката на Општината да стигнат околу 570 илјади денари што е 80 % од вкупната уплата на најповолните понудувачи на електронското јавно наддавање. Останатиот дел од средствата оди во Буџетот на Република Македонија.

На 29-тата објава за отуѓување на градежно земјиште, сопственост на Република Македонија, што ја распиша Општина Кочани на 1 февруари оваа година, беа понудени вкупно 13 градежни парцели, од кои пет за индивидуално домување, две за лесна индустрија и мало стопанство и шест за изградба на викендички.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари