Денеска во Скопје, во присуство на министри од Владата на Република Македонија, амбасадори, претставници на Советот на Европа, беше потпишан Меморандумот за разбирање од проектот за „Промоција на добро владеење и зајакнување на ромската заедница на локално ниво“.

Вклучувањето во овој проект значи унапредување на соработката меѓу сите општествени чинители и на механизмите за редовна комуникација како основа во пристапот кон секое прашање што ја засега ромската заедница.

Генералните заложби на градоначалниците, потписниците на овој меморандум се да ја намалат сиромаштијата, невработеноста, да го подобрат нискиот степен на образованост, инфраструктура и социјалната заштита според надлежностите кои ги имаат. Со тоа ќе ќе се потврди дека општините функционираат како мултикултурна средина, но и доказ за моралната одговорност кон сите сожители.

С.Ивановски

29365850_227530671128878_9064204251126824960_n29365394_222827811787179_6370655235592945664_n

29343035_10157210755901729_7271334736834854912_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари