По повод 21-ви Март „Денот на екологијата“ денес  Градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев ги посети двете детски игралишта во „Паркот на Револуцијата“ во Кочани за да се увери на самото место дека сите оние недостатоци што беа направени во изминатиот период од година дена се отстранети, односно оштетените реквизити се заменети со нови а и самата опрема во игралиштата е освежена со нови бои така да во многу подобар амбиент ќе ги пречекаат сите оние дечиња кои овде си играат.

Илијев апелираше до граѓаните да се грижат за игралиштата и опремата во нив бидејќи тие им користат на нивните поколенија а и од буџетот на општината се издвојуваат средства за нивно одржување.

Најави дека општината ги има отстрането сите недостатоци и на речиси сите останатите игралишта, но и дека општината овде нема да застане, туку ќе се продолжи со изградбата како на детски игралишта така и на други повеќенаменски игралишта се со цел во секоја урбана заедница да има можност каде најмладите ќе го минуваат слободното време.

Во следниот период интензивно ќе се работи и на отстранувањето на недостатоците и на повеќенаменските игралишта со единствена разлика, таму каде зафатите ќе бидат поголеми ќе се работи по јавен повик.

Освежувањето на детските игралишта  Општина Кочани го реализираше во соработка со КЈП „Водовод“ – Кочани.

С. Ивановски

DSCN9357

DSCN9359

DSCN9352

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари