Во пресрет на дерби натпреварот на истокот „Осогово“ – „Брегалница“ (Штип) кој се игра во рамките на 18-тото коло од Втората Фудбалска Лига – Исток, денес во просториите на стадионот „Никола Мантов“ во Кочани ГФК „Осогово“ одржа прес конференција.

Најпрвин на медиумите од страна на Симеончо Стоиков беше претставена новата официјална веб страна на клубот (fkosogovo.com) преку која љубителите на фудбалот во Кочани и навивачите на „Осогово“ ќе можат да ги следат сите збиднувања на клубот.

За самиот натпревар во Сабота кој е од голема важност за двете екипи свое обраќање имаа Стефанчо Цветанов, капитен на „Осогово“ и Шефот на стручниот штаб Крсте Крстев.

Како што истакна Цветанов натпреварот е од голема важност за двете екипи посебно за домаќините на кои трите бода многу ќе им значат во борбата за зачувување на второлигашкиот статус. Тој ги повика навивачите на „Осогово“ да дојдат во што помасовен број, да ги бодрат за време на натпреварот а тие на крилјата на навивачите да стигнат до победата.

Крстев со дециден став дека трите бода за Осогово живот значат па се надева дека со добра игра на неговата екипа и со помошта од трибините на крајот „жетварите“ ќе се радуваат на победата. Околу здравствениот билтен на играчите Крстев истакна дека сите се спремни за дерби натпреварот, мал проблем претставува повредата што ја има почувствувано Андреј Коцевски за кој сепак се надева дека ќе биде спремен за натпреварот.

С. Ивановски

DSCN9591

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари