ВО КОЧАНИ „КОЖУФ“ ГО СОВЛАДА „ОСОГОВО“

Во Спорт
февруари 6, 2024
1 минути

Во третиот подготвителен натпревар екипата на „Осогово“ го доживеа првиот пораз. После победата против екипата на „Њу Старс“ и нерешениот резултат со „Шкендија“ (Арачиново)  денес во Кочани „Осогово“ загуби од „Кожуф“ 0:2 (0:1).

По сончево и мошне пријатно време за игра но по лош терен, играчите од двете екипи повеќе се пазеа отколку што играа фудбал. Натпреварот не изобилуваше со шанси за гол или со некои течни акции, но и во таква игра гостите од Гевгелија се покажаа како поподготвена екипа и конечниот резултат е реална слика на она што денес го видовме во Кочани.

До почетокот на пролетниот дел од првенството остануваат уште десет дена, а што може во овој период да се смени во играта и во пристапот на играчите времето ќе покаже.

Следниот натпревар кој воедно ќе биде и генералка пред почетокот на првенството „Осогово“ ќе го одигра во викендот што доаѓа, а противник ќе биде екипата на „Брера“. Натпреварот е закажан за во Струмица.

С.  Ивановски

КОМЕНТАРИТЕ  СО  НАВРЕДЛИВА  СОДРЖИНА  И  ВУЛГАРНОСТИ  ЌЕ  БИДАТ  ИЗБРИШАНИ