За време на прославата на јубилејот – 50 години постоење на КЈП „Водовод“ беа доделени награди на тимовите на ученици и нивните ментори.

Учениците заедно со своите ментори учествуваа во Кампањата за подигнување на јавната свест кај граѓаните, во рамките на „Проектот за третман на отпадни води“ – Кочани имплементирам од Консултантот ЕБП од Швајцарија.

Беше одржан натпревар помеѓу тимови на ученици од двете средни училишта во Кочани на тема „Важност и предизвици на третманот на отпадните води“.

По добиените презентации, Комисијата составена од претставници на Швајцарскиот консултант ЕБП, беа одредени трите најдобри тимови.

Третото место го освои тимот на ученици од СОУ „Гошо Викентиев“ во состав: Мила Велкова, Филип Ѓоргиевски, Викторија Златкова и нивните ментори: проф. Елизабета Минова и проф. Марија Хаџиева Митевска.

Второто место го освои тимот на ученици од СОУ „Љупчо Сантов“ во состав: Вања Дојчинова, Љупка Георгиева, Панче Дојчинов.

Победници на натпреварот беше тимот на  ученици од СОУ „Љупчо Сантов“ во состав: Лила Кушевска, Димитар Романов, Стефан Јовановски и нивниот ментор проф. Весна Ефремова.

Наградите на учениците им ги врачи Рето Бјулер, Проект менаџер од ЕБП – Швајцарија, а на менторите и директорот на СОУ „Љупчо Сантов“ Миле Лефков, Директорот на КЈП „Водовод’ – Кочани Андреј Киров.

С. Ивановски

DSCN9553

DSCN9542

DSCN9531

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари