Во периодот од 16 до 19 март 2018 година група ученици од VIII одделение (Виолета Грчева, Мартина Пулковска, Ана Томева, Андреј Басовски, Ана Јорданова и Јована Андова)  од ОУ „Никола Карев“ од Кочани под менторство на наставничката Гордана Јефтимова учествуваа на 14-тиот Интернационалниот фестивал на поезија и литература „Замокот на Дуино“ кој се одржа во Трст (Република Италија).

Темата на годинашниов фестивал беше „Дом“. На оваа тема  учениците изработија проект – збирка песни на македонски и англиски јазик со наслов: „Волшебноста на домот“.

Со нивните творби се претставија во  категоријата – најдобри училишни проекти под 16 години и освоија пехар и пофалница.

На манифестацијата зедоа учество илјадници млади поети од 90 земји од целиот свет. Победничката екипа се врати во Македонија со прекрасни впечатоци од престојот во Италија.

Учесниците на фестивалот упатуваат голема благодарност до сите од бизнис – секторот кои помогнаа да се  реализира патувањето.

29138515_10208973120885372_1450216022_n29344988_10208973120365359_1818984730_n

29138419_10208973067404035_1322313530_n

29138147_10208973060083852_28101957_n

29134692_10208973072004150_7567816_n

29134913_10208973082724418_709082224_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари