Лидерот на табелата во Првата Фудбалска Лига за жени, „Драгон“ од Скопје ја покажа својата моќ на денешниот 1/4 финален натпревар од фудбалскиот Куп на Македонија за жени, откако како гостин на теренот покрај Масалница во населбата Оризари рутинирано и без многу напори  ја совлада екипата на „Кочани“ со 7:0 (4:0).

Уште во првите минути се виде разликата во класата на екипите па неколкуте гледачи само си го поставуваа прашањето со кој резултат ќе триумфираат гостите. Гостинките резултатот го открија во 13’ преку Ленче Андреевска а истиот играч со уште еден погодок го зголеми водството во 34’. Кога Афродита Салихи постигна нови два погодока во 37’ и 39’ се навестуваше вистинска катастрофа за „жетварките“. Сепак во второто полувреме „Драгонки“ играа на рутина и со половина сили, па со головите на Елма Шемсовиќ (62’), Емини Медина (68’) и Драгана Костова (87’) стигнаа до конечните 7:0.

Резултати во 1/4 финалните натпревари:

„Кочани“ – „Драгон“  0:7

„Топ Гол“ – „Тиверија“  0:13

„Борец“ – „Њу Јорк“  10:0

„СЦ Истатов“ – „Ас Јунајтед“  1:6

Во 1/2 финалето се играат по две средби.

С. Ивановски

DSCN9689

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари