Кој ќе застане на чело на ОК на ВМРО ДПМЕ – Кочани, е прашањето кое во последниот период е топ тема како меѓу членовите на партијата, така и меѓу сите оние кои будно ги следат политичките збиднувања.

Од она што го дознаваме од блиски извори на партијата по донесената Одлука на Извршниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ за избор на претседатели на Општинските Комитети на ниво на држава за местото Претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Кочани конкурирале 15 членови на партијата.

Кој од Кирил Ѓеорѓиев, Дарко Стојчевски, Миле Лефков, Јордан Димитров, Зоран Беличев, Диме Атанасовски, Ванчо Каранфилов, Јордан Јорданов, Гоце Марков, Ристе Георгиев, Игор Голубов, Коце Стоименов, Лазар Димитријев, Ванчо Папазов и Николчо Гоцевски ќе раководи со Општинскиот Комитет на ВМРО ДПМНЕ – Кочани според прогнозите ќе треба да се знае за околу месец дена.

На листата кандидати го нема името на актуелниот Претседател на ОК на ВМРО ДПМНЕ – Кочани д-р Лазо Митев од причини што тој уште го одработува мандатот на кој се наоѓа трета години.

Иако според Статутот на партијата мандатот на Претседателот трае 4 години сепак одлуката на Извршниот Комитет на партијата е легален чин кој треба сите да го почитуваат.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари