По повод Денот на шегата, Одделението за јавни дејности во Општина Кочани  ја организира традиционалната „Априлијада“.

Во соработка со основните училишта и Детската градинка „Павлина Велјанова“, на 30.03.2018 година (Петок) на „Летната сцена“ во Центарот за култура „Бели мугри“ ќе настапат групни и поединечни маски. Присутните ќе ги поздрави градоначалникот на Општина Кочани,Николчо Илијев.

Програмата ќе започне во 11:00 часот, а први ќе настапат децата од градинката. Во 11:30 ч.  својата креативност низ маски ќе ја прикажат учениците од ОУ „Раде Кратовче“, а по нив е настапот на учениците „Малина Попиванова“ и „Никола Карев“. Годинашнава „Априлијада“ ќе заврши со ОУ „Св. Кирил и Методиј“.

Традиционално, учениците на „Априлијадата“ дефилираат на релацијата од своето училиште до Центарот за култура, поздравувани од граѓаните на Кочани.

Општина Кочани

Одделение за јавни дејности

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари