Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев денеска го прими државниот првак по информатика, седмоодделенецот од ОУ „Малина Попиванова“, Даниел Димитровски.

Димитровски придружуван од неговата професорка по информатика, Сања Тодорова и директорот на „Малина Попиванова“, Драги Рашков, примија искрени честитки за постигнатиот резултат.

„Информатиката како наука отвора широки врати кон иднината, тоа е мошне барана професија и особено ме радува што ова училиште уште од основното образование изведува кадри кои подоцна професионално можат да се ориентираат во оваа област“ рече на средбата Илијев.

Според градоначалникот, важен фактор во постигнувањето на резултатите се менторите кои овозможуваат препознавање на потенцијалите кај учениците и градат натпреварувачки дух.

Сања Тодорова, како менторка по информатика третпат едноподруго постигнува високи резултати на државните натпревари по информатика.

На овогодишниот државен натпревар по информатика, Даниел Димитровски единствен од дваесет и двајцата натпреварувачи ги освои максималните 110 поени.

Општина Кочани

DSC_0005

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари