Во недела, на 1 април во 20:00 часот, на терасата во НУЦК „Бели мугри” – Кочани, како дел од турнејата ни гостуваат бендовите Real Life Version (Словенија) и One Hidden Frame (Финска). Влезот е слободен.

Real Life Version е панк рок бенд кој е активен на сцената повеќе од 13 години. Бендот позади себе има четири изданија. Настапот во Кочани е дел од нивната балканска турнеја на која ќе го промовираат новиот албум „Furious Winds and Ice Cold Showers“. Real Life Version имаат свирено во Македонија во април 2014-та (во Скопје и Битола) и конечно оваа пролет и во Кочани!

One Hidden Frame се брз, мелодичен панк бенд. Нивните настапи се проследени со многу емоции и енергија. Основани се во 2002 година, а во 2017 година го издадоа нивниот последен албум “Harmful content”. Ова им е прв концерт во Кочани и прв пат на Балканот!

Општина Кочани

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари