Се одиграа натпреварите од одложеното комплетно 13-то коло во Првата Фудбалска Лига за жени.

Девојчињата на тренерот Оливер Јовановски како гости го клекнаа на колена  минатогодишниот шампион „СЦ Истатов“ совладувајќи го со резултат 3:1 (1:0), а стрелци на головите за кочанчанки ги постигнаа: Анета Ѓорѓиева во 7’84’ и Станкица Атанасова во 72’.

Инаку во ова коло највисока победа забелеша екипата на „Тиверија“ а лидерот на табелата „Драгон“ се провлече низ „иглени уши“ на гостувањето кај „Речица“.Битолските екипи „Атлетико“ и „Топ Гол“ забележаа победи во ова коло а натпреварот во Македонска Каменица „Каменица Саса“ – „Тетово“ не се одигра откако делегатот не дозволи на гостинската екипа да истрча на теренот бидејќи немаа извршено лекарски прегледи а последниот што име заверен во книшките е со дата од 20.03.2017 година.

Резултати од 13-тото коло:

„СЦ Истатов“ – „Кочани“  1:3

„Каменица Саса“ – „Тетово“  3:0 (службен резултат)

„Тиверија“ – „Ас Јунајтед“  7:0

„Речица“ – „Драгон“  0:1

„Атлетико“ – „Борец“  3:2

„Њу Јорк“ – „Топ Гол“  0:3

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари