Денеска, под мотото „Другаруварувањето со книги ни е песна“, Библиотеката „Искра“ со повеќе содржини го одбележа 2-ри Април „Меѓународниот ден на литературата за деца“.

Учениците од Основното училиште „Св. Кирил и Методиј“ имаа литературна средба со авторот Васил Мукаетов, добитник на наградата „Ванчо Николески“ за 2017 година, а се реализираа и средби на кои учениците можеа да се запознаат со творештвото на

писателите за деца Ели Маказлиева, Александра Велинова, илустраторот Игор Јовчевски, како и авторките Јасмина Кантарџиева – Димков, Љубинка Донева и Марина Гоцевска.

Во рамките на програмата беше реализирана и креативна работилница на илустраторот Ивица Спасовски со ученици од Училиштето за цртање и сликање при Центарот за  култура „Бели мугри“ – Кочани, а во просториите на Библиотеката „Искра“ е

отворен продажен штанд со богата литература за деца на издавачката куќа „Едука мак“.

Во Мултикултурниот центар во Кочани, се одржа „Фестивалот на децата, книгите и музиката“ на кој пораки за книгата и читањето беа испратени преку повеќе литературни, музички  и драмски активности во изведба на ученици од кочанските основни училишта. На присутните им се обрати и градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев кој ја истакна поддршката на секоја активност со којашто се мотивираат најмладите читатели кон другарувањето со книгата и кон градењето култура кон читањето.

За време на одржување на фестивалот беа прогласени и најуспешните ученици по распишаниот Ликовен конкурс од страна на Библиотека „Искра“.  Комисијата во состав Аспарух Михаилов (Претседател), Ванчо Петров и Танас Дедов (Членови) во категоријата ученици од I до V одделение ги наградија: Ѓокшен Алиов (ОУ „Малина Попиванова“) – трето место, Марина Велкова (ОУ „Раде Кратовче“) – второ место и Марија Трифунова (ОУ „Раде Кратовче“) – прво место.

Во категоријата од VI до IX одделение наградите им беа врачени на: Мартина Шахинова (ОУ „Св. Кирил и Методиј) – трето место, Анастасија Коцева (ОУ „Крсте Петков Мисирков“) – второ место и Стефанија Марковска (ОУ „Крсте Петков Мисирков“) – прво место.

Одбележувањето на овој меѓународен ден, кој како роденден на Ханс Кристијан Андерсен во светот се слави од 1967 година, и е со цел да се поттикне љубовта кон литературата за деца.

DSC_0007

DSCN8467

DSCN8484

DSCN8645

DSCN8660

DSCN8690

DSC_0018

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари