Комуналното јавно претпријатие „Водовод“ спроведе акција за чистење на потегот од клучката кај селото Бели до Градската депонија, на регионалниот пат Кочани – Пониква, кој долго време беше затрупат со комунален смет и оставаше грда слика за посетителите на овој туристички капацитет.

Општина Кочани преку своите надлежни служби апелира граѓаните да покажат повисока култура и свест во исфрлањето на отпадот и воопшто во однесувањето кон животната средина.

Неодговорното и несовесно однесување резултира и со се повеќе депонии од градежен шут како на патот кон Пониква, така и во градската средина и населените места што е доказ за злоупотреба и нагрдување на непосредната околина.

Одговорните субјекти ќе продолжат со расчистување на околината, а за непочитување на повикот за соодветно исфрлање на отпадот во наредниот период, службите ќе преземат соодветни казнени мерки.

DSC_0056

DSC_0070

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари