Некои работи кои требаше да ги заврши и тоа од поодамна минатата локална власт уште стојат како и што беа наследени.

Имено, уште кога се донесе одлука за плаќање на паркинг простор имаше најави дека паркинг просторот на јужната страна од „Кулата“ во Градскиот Трговски Центар комплетно ќе биде завршен. Но од ветувањата ништо. Се направи паркинг простор за наплата а дополнетиот дел кој води кон блокот „Б“ остана каков што беше и претходно, иако на истиот се паркираат возила.

Денес токму тој мал дел од само неколку квадратни метри е една од најголемите грдотии на Трговскиот Центар, посебно тоа е изразено додека има врнежи од дожд па на земјата се создаваат мали езерца кои им сметаат најмногу на минувачите.

Граѓаните честопати реагираа преку социјалните мрежи, односно бараа она што требаше да се заврши за биде завршено,но се остана на нивните реакции.

Сега се надеваат дека новата локална власт ќе го слушне нивниот апел и дека и овој сосема мал простор за краток временски период ќе биде среден.

С. Ивановски

2

3

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари