По единаесет едноподруго години, годинава Кочани остана без Меморијалниот фудбалски турнир „Драганица Куп“ кој беше посветен на една од најголемите Кочански фудбалски легенди Драган Михајлов – Драганица.

Во изминатите 11 години на турнирот продефилираа голем број на екипи од кои подоцна излегоа неколку Македонски репрезентативци како и меѓународни фудбалери. Имињата на Јорданчо Наумоски (Брондби. Металург, Победа), Марјан Радески (Металург, Шкендија), Давор Толески (Металург, Победа), Антонио Бошески (Победа, Еуромилк), Борис Васевски (Лензбург), Виктор Ангелов (Ујпешт), Дамјан Шишковски (Гент, Работнички), Ѓоко Зајков (Рен), Даниел Аврамовски (Црвена Звезда) и други доволно зборуваат за квалитетот на турнирот.

Веќе поминаа сите рокови а љубителите на фудбалот останаа без едно големо задоволство турнирот не се одржа.

Причините не се познати бидејќи досега ама баш никој од надлежните во клубот не најде за потребно да ја информира спортската јавност зошто турнирот „Драганица Куп“ не се одржа и дали постојат некакви шанси тој да се одржи.

Најрано турнирот досега се има одржано на 21.02.2016 година (десеттиот) а најдоцна на 18.03.2007 година (првиот).

Сепак искрено се надеваме дека ќе се изнајде термин во најбрз можен рок турнирот се организира и да продолжи една убава традиција бидејќи Драган Михајлов – Драганица тоа го има заслужено.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари