Изминатите години честопати пишувавме за самоволието на одредени возачи кога се во прашање патеките за лицата инвалиди.

И во изминатите денови а особено во вечерните часови со цел да не плаќаат простор за паркирање одредени возачи ги паркираат своите возила каде ќе стигнат па дури и на патеките кои се наменети за лицата инвалиди.

Ваквите патеки се најмалку направени за да се паркираат возилата па редно време е дежурните од Полициска станица сериозно да си ја сфатат должноста за која се платени и да почнат на ваквите возачи да им поднесуваат прекршочни пријави.

Време е на празници па се очекува овој тренд да продолжи и во наредните денови, добра шанса еднаш засекогаш да се стави крај на ова самоволие.

С. Ивановски

30127274_2021712511190622_1711669296385490944_n

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари