По повод 8-ми Април „Светскиот ден на ромите“ денес во малата сала за состаноци во Локалната самоуправа – Кочани Градоначалникот Николчо Илијев приреди прием за претставниците од ромските граѓански здруженија.

На средбата како што истакна Илијев Локалната самоуправа ќе продолжи да ја дава својата поддршка на овие граѓански здруженија кои се ангажираат за решавање на проблемите кои ја засегаат ромската популација.

Илијев нагласи дека Општина Кочани е заинтересирана да им помага секогаш на своите граѓани без разлика на нивната етничка, верска или било каква друга припадност.

На средбата стана збор и за решавањето на повеќето прашања на Ромите, како што се интегрирањето на младите Роми во образовниот систем како од предучилишна, така и од училишна возраст, проблемите со социјалната заштита, изградбата на улици и комунална инфраструктура како и обезбедување повисоко ниво на хигиена.

Претставниците на невладините ромски здруженија во знак на благодарност за досегашната поддршка што им ја дава на Илијев му врачија плакета.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари