Купувачите кои денес го посетија кочанскиот пазар и имаа желба да купат производи како би трпезите за празникот биле побогати останаа речиси со „кратки ракави“.

Цените на раноградинарските производи кои денес им беа понудени беа повисоки од претходните пазарни денови речиси двојно.

Нивното оправдување беше дека наидуваат празници и дека ако сега не заработат нема кога, а сето она кое го продаваат го прават на „црно“, без документ за производот.

Факт е дека денес најмногу ќарија прекупците.

Ќе се стави ли еднаш крај и ќе почне ли некој да ги штити купувачите времето ќе покаже, но ако знаеме дека ова со години се случува тешко дека некој ќе се зафати да го реши овој веќе настанат проблем.

Иста беше сликата и на местата каде се продаваа земјени производи. Адет е на „Велики Четврток“ да се купи нешто земјено и да се однесе дома што беше причината и овие производи годинава да се продаваат по доста повисоки цени од претходните години

С. Ивановски

P2260252

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари