Во рамките на 19-тото коло во Втората Фудбалска Лига – Исток „Осогово“ повторно претрпе пораз од „Борец“ во Велес. Иронијата да биде поголема кочанчани во 88’ примија контроверзен гол кој предизвика бура од негодување во таборот на гостинската екипа.

Се играла 88’ кога главниот судија Албрим Шаќири не досудил очигледен фаул над гостинскиот голман Игески по што топката удрила во стативата и се одбила надвор од шеснаесетникот, следувало центар шут по кој еден домашен играч од неколкуте кои биле во офсајд позиција успеал да ја спроведе во небранетиот дел од мрежата.

Инаку глабниот судија во 83’ му покажал на домашниот играч Дарко Илиоски втор жолт картон што автоматски значело негово исклучување.

Со овој гол домаќините ги задржаа шансите за втората позиција на табелата а на „жетварите“ им останува во наредното коло кога ја пречекуваат „Брегалница“ да ги бараат бодовите за спас.

И на останатите три натпревари победи остварија домаќините, „Брегалница“ ја победи „Каменица Саса“ 2:0, „Беласица“  убедлива против „Плачковица“ 3:0 а дуелот на југот му припадна на „Кожуф“ кој со 2:0 славеше над „Победа“.

Интересно е што на сите четири натпревари гостинските играчи не постигнаа ниту еден погодок.

Наредното 20-то коло се игра следната Сабота.

С. Ивановски

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари