Поминаа точно десет години откако нашиот сограѓанин Марјан Ѓорѓиев се реши да оствари нешто што за многумина беше илузија, но не и за него. Реши со својот велосипед да ја помине делницата Кочани – Пекинг (Кина) каде требаше да се одржат Олимписките Игри.

На патот долг 11.850 километри Ѓорѓиев тргна сам. За него беа предизвик километрите што си ги беше зацртал во своите мисли. Сакаше да го направи она што за многумина беше „невозможна мисија“.

Ѓорѓиев стартуваше од дворот на фабриката „Руен“ во Кочани каде беше испратен од страна на тогашниот Градоначалник на Општина Кочани Љубомир Јанев.

Од стартот па се до пред селото Калиманци Ѓорѓиев го придружуваа велосипедисти од ВК „Електрика“ од Кочани, за да потоа продолжи сам да ги вози километрите.

По четири месеци непрекинато возење Марјан Ѓорѓиев ја оствари зацртаната цел, ги помина предвидените 11.850 километри и една седмица пред предвидениот рок стигна во Пекинг (Кина), градот домаќин на Олимписките Игри.

По враќањето назад Ѓорѓиев рече: „Сега, кога ги средувам впечатоците, горд сум на она што го направив. Поминав доста тешка етапа и тоа сосема сам, што беше голем притисок. Возев и по сонце и по дожд и по топол ветар од кој ти снемува кислород, но издржав и успеав. Кога влегов во Кина имаше многумина кои го имаа истиот предизвик. Дури тогаш сфатив што значи да сум имал другар во возењето. Велосипедот ми беше единствениот другар, а што е главна карактеристика возев само со еден пар гуми. Во Пекинг бев примен од нашиот амбасадор и неговиот секретар, благодарение на кого успеав да добијам влез во Олимпиското село и да присуствувам на подигањето на Македонското знаме. Тоа е сега зад мене, планирам уште поекстремен подвиг. Но за тоа кога ќе дојде време“.

Во чест на ова големо остварување по враќањето во родниот град Градоначалникот на Општина Кочани Љубомир Јанев приреди прием за Марјан Ѓорѓиев.

Нека се знае, нека остане запишано по кој знае кој пат бидејќи Ѓорѓиев тоа го има заслужено.

С. Ивановски

KONICA MINOLTA DIGITAL CAMERA

KONICA MINOLTA DIGITAL CAMERA

KONICA MINOLTA DIGITAL CAMERA

KONICA MINOLTA DIGITAL CAMERA

KONICA MINOLTA DIGITAL CAMERA

KONICA MINOLTA DIGITAL CAMERA

P1550856

P1550871

P1550867

 

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари