За во Четврток, 12 април 2018 година со почеток во 15:00 часот закажана е 9-тата редовна седница на Советот на Општина Кочани, на чиј предлог-дневен ред ќе се дебатира по три точки:
1. Локален акциски план за домување, урбанистичко планирање и комунална инфраструктура – ЛАП 2018 – 2020;
2. Предлог-одлука за измена на распоредот на средства од Буџетот на Општина Кочани за 2018 година;
3. Предлог-одлука за одобрување финансиски средства на СОУ „Гошо Викентиев“ – Кочани.
На седницата ќе ѝ претходат подготовки, со работа на Комисијата за финансии и буџет и локален економски развој и Комисијата за комунални работи, планирање и уредување на просторот и заштита на животната средина и природата.

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари