Во „Фоаје 2“ во НУ ЦК „Бели Мугри“ во Кочани  денес беше отворена изложбата „Ченто – биографија низ фотографија“ чиј автор е Рубинчо Белчески – историчар, кустос и советник.

Самиот автор се потрудил да собере голем број на дела од првиот Претседател на Президиумот на АСНОМ Методи Андонов – Ченто но не како оние напишаните во книгите, туку преку фотографии.

„Изложбата „Ченто – биографија низ фотографија“ содржи хронолошки подредени фотографии, собрани на едно место, со цел гледачот, растеретен од читање на долги текстови да му овозможам да го следи неговиот живот исполнет со голем број на активности, но и фотографии кои зборуваат за животот на Ченто и после смртта. Се надевам дека успеав во тоа. Ако една изрека вели „Една фотографија, илјада зборови“ тогаш можете да замислите колку зборови содржат овие фотографии. Проектот го реализирав истражувајќи низ Прилеп и пошироко, низ Република Македонија и при тоа во голема мера ми помогна семејството на Ченто, особено синот Илија Андонов Ченто и ќерката Марија Јакимовска, на кои им изразувам голема благодарност за соработката“ рече авторот на изложбата Рубинчо Белчески.

С. Ивановски

12

13

14

Секое преземње на фотографии и копирање на текстовите без согласност на комарец повлекува фактурирање на име „Авторски права“.

Коментари